Шестмина затруени од храна во угостителски објект во Куманово. Труењето следи по присуство на семинар на кој учествувале вкупно 36 лица. Заболените развиле симптоми на труење со храна по четири до 16 часа, информираат Центарот за јавно здравје.
Од заболените две лица се хоспитализирани, три во дневната болница и едно на домашно лекување. Епидемиолози и претставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и Агенцијата за храна и ветеринарство по пријавата извршиле надзор во гостилницата. Земени се брисови и мостри од храна за микробиолошко испитување, а преземени се и хигиено-епидемиолошки мерки.
Угостителскиот објект е затворен се до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, информираат надлежните.