Шилегов: Активистите за права на животните да извадат дозволи за движење за да се грижат за бездомните животни

од Берта Китинска
311 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов преку својот Фејсбук профил им се обрти на активисти за правата на животните.

-На денешната седница на Државниот кризен штаб, донесовме одлука, да за времетраење на претстојниот викенд и се’ додека општо трае полицискиот час, активистите за благосостојба на бездомните животни, да можат по два часа дневно да се движат со цел да може да се нахранат бездомните животни.За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до утре 16.04. до Министерството за администрација и информатичко општество да достави заверен список – барање со потребните податоци содржани на веб страната) од по 5 активисти од секое здружение, кои ќе добијат дозволи за времено движење во текот на полициски час (и после викендот), а со цел да се нахранат бездомните животни, напиша Шилегов.

Почитувани активисти за правата на животните !!!Би сакал да Ве изветам дека на денешната седница на Државниот кризен…

Публикувахте от Петре Шилегов в Сряда, 15 април 2020 г.

Слични содржини