Шилегов: Бесплатен превоз за пензионерите во текот на целата недела

од Берта Китинска
339 прегледи

За 30 минути ќе стасате од Лисиче до Ѓорче со првата траса на БРТ-то. Тоа што можеме ние да го направиме за Скопје е да обезбедиме бесплатен јавен превоз за пензионерите, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов  во своето гостување во „Ја сакам Македонија“.

Шилегов ветува бесплатен превоз за пензионерите во текот на целата недела, а не само во вторник и петок, за да се намали притисокот тие два дена во јавниот превоз.

– Бордот на ЕБРД го оцени ова за најзелен проект кој што го финансираат во рамки на јавен превоз во последните 30 години, што значи дека тука влегуваме со повеќе бенифити. Ја заштитуваме животната средина, правиме систем на јавен транспорт еколошки прифатен, правиме многу брз јавен транспорт кој ќе ги дестимулира луѓето да ги користат возилата. Вие ќе можете за 25 до 30 денари од Ново Лисиче да стасате до Ѓорче, зошто би палеле автомобил? Многу битно за тој систем е што на секои 3 минути ќе имате автобус на станица. Тоа е многу битно , за прецизно да го планирате денот“, изјави Шилегов.

Слични содржини