Шилегов до Арсовска: Коректно за скопјани е да имаме дебата, ако сака нека дојде и со Мицкоски

од Nikola Popovski

Во ниту еден момент од кампањата не ја нападнав госпоѓа Арсовска. За разлика од неа, јас сум предмет на црна кампања повеќе месеци, обвинува градоначалникот и кандидат на СДСМ за нов мандат, Петре Шилегов пред медиумите.

Според него, Арсовска го одобрува тоа што го прави Мицкоски, со тоа што го премолчува.

-Не знам каде госпоѓа Арсовска се почувствува повредена. Потребна ни е дебата. Арсовска е должна кон скопјани да го претстави својот концепт и да ги соочиме фактите, кој каков град сака да развива. Нема подемократско нешто од дебата, рече Шилегов и додаде дека во секое време е расположен за дебата.

-Ако сака нека дојде и со Мицкоски, немам проблем со тоа. Мислам дека е коректно кон скопјани да се појави и да ги соочиме концептите, а не само да кажуваме цифри, смета Шилегов.

Слични содржини