Шилегов до Трајановски: Градот го оставивте со над 40 милиони евра долг

од Aleksandar Todeski
340 прегледи

Јас кога дојдов на функцијата граоначалник, наидов на над 40 милиони евра долгови, на ниво над еден градски буџет, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата Само вистина на Канал 5 Телевизија во дуел со поранешниот градоначалник Коце Трајановски, кој пак реплицираше дека борјката не е точна.

„Вие може да викате дека не е точно, јас стојам зад тоа. Ако му веруваме на раководителот на секторот финансии, тој е долгот. Истиот е што беше и во ваше време, го немам сменето. Во моментов сите плати се исплатени. Во Водовод имаше над 8 милиони евра непрокнижен кредит, за новата зграда. Сега го книжиме кредитот. Вие за да прикажете дека Водовод има позитивни биланси, не го книжите кредитот. Во Паркови и зеленило има долг над еден милион евра. Во Комунална хигиена не знам зошто, сте помислиле дека требало да се замени и плус да се доплати. Во овој момент, Комунална хигиена нема ниту еден долг. Комунална хигиена исплаќаше 72 милиони денари. Наследив ситуација во која 18 милиони евра дозволил поранешниот градоначалник да се потрошат на фасади. Фасадите се направени само од надвор, од внатрешната страна зградите се лом“, истакна Шилегов.

Трајановски пак, реплицираше дека внатрешниот дел на фасадите требало да се направат во втората фаза, не кажувајќи кога требало да биде таа вотра фаза.

Тоа со Паркови и зеленило не знам како ќе се реши, мора да се реши некако. Улици и патишта, тоа што треба да го враќаат не е долг. Комунална хигиена порано беше во Чаир. Влегуваше камион полн со бензин, излегуваше празен, не се знаеше колку се крадел бензинот, на што Шилегов му одговори дека сега точно се знае каде е бензинот.

Слични содржини