Денеска заедно со градоначалникот Ганиу и со господин Беџет Пацоли ви соопштуваме една многу голема и многу убава вест не само за Општина Чаир, туку и за цело Скопје. Долго време во рамките на Град Скопје и Општина Чаир работевме на решавање на проблемот со паркирањето во оваа скопска општина, проблем кој подолго време ги мачеше нашите сограѓани од Чаир. Конечно на задоволство на сите нас дојдовме до решение кое подразбира еден систематски пристап во решавање на овој предизвик, информира попладнево градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Тој додаде дека стратешкото партнерство што Општина Чаир го воспостави со инвеститорот подразбира решение кое на оптимален начин ќе постигне и повеќе простор за паркирање на возилата, но и повеќе простор за непречено одвивање на пешачкиот, велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај во оваа општина.