Членот на Извршниот одбор на СДСМ и екс-градоначалник на Скопје, Петре Шилегов синоќа истакна дека во изминатите 6-7 години од ВМРО-ДПМНЕ нема креирање на политика за државен интерес, туку политиката ја сведе на инаетење.
-Она што е интерес на државата, она што СДСМ го прокламира како интерес на државата, без да се седне, а приори ДПМНЕ оди против, рече Шилегов, додавајќи дека ако се има здрава мисла за општеството и државата не може да се тераат политики на инаетење.
Тој нагласи дека уставните измени не се политички интерес на СДСМ, уставните амандмани се општествен интерес на Македонија.
-Тука не станува збор за политички каприц на СДСМ, па нешто ќе направиме зашто нас ни е ќеф, туку станува збор за интересот на државата, рече Шилегов, додавајќи дека Македонија е членка на НАТО, стартешки оределена за северноатланстките асоцијации, треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
-Еден каприц, едно инаетење во 2008 година во Букурешт на Самиот на НАТО, нас не кошта 15 години застој во евроинтеграциите. И не чинеше и многу повеќе во политичка смисла. Тоа што го направивме 2018/19 година виза ви тоа што требаше да биде направено 2008 година. Меѓутоа годините ги изгубивме. Во 2008 ние бевме барабар со Хрватска. Хрватска не само што е член на НАТО и ЕУ, туку воведе евро и е дел од Шенген. Кој ќе ни ги надомети на нас изгубените години. Дали имаме право да губиме нови години? Тоа се клучните прашања во политиката, а не политичките каприци коишто не се стратешки, туку се чисто политичко инаетење, истакна Шилегов.
Велат ќе загубиме национален интерес. Со промена на преамбула на Устав се губи национален интерес? Ве молам. И затоа мислам дека целосно неодговорно е однесувањето на дел од политичките структури. Евтиниот попилузам е лесен за водење политика, но последиците од популзимот се стравични, рече Шилегов во емисијата „24 анализа“.