СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, концепт, визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над 11.5 милиони евра во над 32 км патна инфраструктура во општина Гази Баба, изјави вечерва членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на маалски средби со граѓаните.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Гази Баба подигнати се над 13.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1000 садници, при што меѓу другото целосно се реконструирани парковите Коце Металец и Железара.
-Инвестиравме над 37 милиони денари во реконструкција на средните училишта АСУЦ Боро Петрушевски, Михајло Пупин и Панче Арсовски. Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје. Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски, улицата Благоја Стефковски, расчистивме бројни диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини, посочи Шилегов.