Шилегов: Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во Шуто Оризари

од Nikola Popovski
198 прегледи

Со кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Ферат Асан одржавме неколку маалски средби со граѓаните од оваа општина, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Тој информира дека ја реконструирале улицата Индира Ганди во должина од 1900 метри од крстосницата со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија до раскрсницата со ул. Нов Живот, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри.

-Во рамките на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и патишта преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други.

Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето Шаип Јусуф и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари. Во делот на градското зеленило, во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардинјери.

СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ќе ги креираме мерки и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.

Слични содржини