Шилегов ја бара сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира

од Aleksandar Petrovski
173 прегледи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска рече дека побарал од општина Центар да ја предаде сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“, за да може да почне нивна дислокација.

-Побарав од Општина Центар, покрај одржувањето, да ја предаде и сопственоста за ние потоа да можеме да влеземе во процес на дислокација на дел од спомениците од ‘Скопје 2014’. Барањето е поднесено, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, ги испитуваме законските можности дали можат советите на Општината и на Градот да донесат такви одлуки, односно да прифатат таква обврска. Меѓутоа, еве ги изборите, за еден месец ќе поминат, тоа ќе го реализираме во секој случај, рече Шилегов.

Слични содржини