Шилегов ја најави изградбата на новиот забавен парк: Ќе го имаме најголемиот ролеркостер на Балканот

од Nikola Popovski
378 прегледи

Кон крајот на годината започнува изградбата на новиот забавен парк кој ќе биде на локацијата на стариот Луна-парк, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, со овој проект градот станува регионален туристички центар.

-За изградбата нема да се острани ниту едно дрво од паркот. Ќе го имаме најголемиот ролеркостер на Балканот, а исто така предвидени се преку 200 вработувања. Паркот ќе биде составен од три дела: детски, семеен и адреналински, а најавени се и ресторани и суверници, информира Шилегов, додавајќи дека проектот ќе биде готов во летото 2023 година, а тендерот ќе биде распишан после изборите.

-Повеќе од 3000 посетители ќе го посетуваат паркот секојдневно, додека на годишно ниво ќе достигне до милион посетители, дополни градоначалникот.

Според презентацијата, за реализација на овој проект ќе се бара инвеститор кој ќе го финансира овој проект и нема да има буџетски импликации врз градот.

-Еднаш кога ќе почне да работи сам ќе се исплати. Се очекува паркот да се исплати за три години од неговото зпаочнување со работа. Скопјани го добиваат најдобриот парк во регионот за нула денари, информира Шилегов.

Слични содржини