Шилегов: Јас сум рокенрол-тип искрено не сакам турбо-фолк, тоа секогаш ми било испод радар

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во разговор за „Репортер“  вели дека Дино Мерлин е најдобрата Нова година што му се случила на Скопје, тој раскажа за за бунтовничкиот карактер кој сè уште го носи во себе .

Тој вели дека ќе се кандидира за втор мандат и е сигурен дека пак ќе биде избран за градоначалник од есен.Во интервјуто Шилегов вели за себе дека е „дете на 80тите“ кој реферира на музичките плочи како на сликовници.

„Јас сум рокенрол-тип, сакам и блуз и искрено не сакам турбо-фолк. Тоа секогаш ми било испод радар. Да не ме сфати некој погрешно, сакам убава народна музика, ама не и турбо-фолк. Јас сум фан на Азра и Џони Штулуќ и тие плочи сè уште ги имам дома, па ги слушам. Текстовите и кртитиката на општеството во песните отсекогаш ми се допаѓаа”, објасни Шилегов.

Тој продолжи да зборува за својата младост, бунтовноста и искреноста и како тие карактеристики влијаеле врз неговиот живот

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, јас со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот”, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера со која тој планира да продолжи по финализирањето на политичката кариера, како што вели тој – „мора некаде да се вратиш“.

Со ќерката Симона имаат роденден на ист ден, а со сопругата учеле во исто училиште и така се вљубиле – „Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, јас бев бунтовникот со долга коса”, раскажува Шилегов.

Слични содржини