Шилегов: Како граѓанин, сум за реставрација на Универзална со постојниот изглед

од Nikola Popovski

„200 илјади евра е тужбата на градежниот институт „Македонија“ кон Универзална сала, затоа што бил направен проектот бил направен, меѓутоа никогаш не бил платен од тогашната власт на град Скопје. Сега има судски спор, односно нарачувате проект, го изработувате, мавтате со него дека го има, а во меѓувреме не сте го платиле и ве тужат“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој интимно, како граѓанин, сака да го реставрира постојниот објект на Универзална сала во постојниот кабарит, со постојниот изглед, со внатрешни современи решенија на гледалиштето.

„Од 1500 до 1100 седишта, меѓутоа и се залагам за иградба на нова концертна или мултифункционална салана друга локација. Сепак, институционално сум должен да ги разгледам сите фази и јавноста да ги знае сите опции, затоа што влегуваме во фаза на почеток на реализација“, смета Шилегов.

Слични содржини