Шилегов со документи за кампањата на Арсовска: „135.000 евра се уплатени од членови на ВМРО-ДПМНЕ“

од Nikola Popovski
7,1K прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој е во трка за нов мандат, во емисијата „Само вистина“ изјави дека до 2017 година, Скопје беше бил заборавен и лошо шминкан град.

-Она што се случи во овие 4 години беше развој и на перифериите на градот. Од кандидатите Арсовска и Георгиевски не видов целосен концепт. Сите имаат желби, меѓутоа желбите и реализацијата се различни. Сите сакаме модерно Скопје, а досега видовме само список со желби, потенцира Шилегов.

Според него, ако претендираат да бидат градоначалници, треба да ги знаат основните работи.

-Вие сте кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, се обидувате да ги манипулирате граѓаните. 135.000 евра се уплатени пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ. Авто-сервис од Пробиштип, луѓе од Пехчево, Вељуша, додаде Шилегов презентирајќи официјален документ за тоа кој ја финансира кампањата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини