398
Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот! Благодарност до МВР и министерот Оливер Спасовски за брзата реакција, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок, додаде тој.
На социјалните мрежи вечерва се споделува видео на кое се гледа како автомобил од марката „бентли“, поминува на среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што граѓани се движат.
Видеото предизвика бурни реакции во кои се истакнува дека нема многу луѓе во Македонија што поседуваат ваков автомобил, алудирајќи дека лесно може да се најде лицето што лесно можеше да повреди некој на скопскиот плоштад.