Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во однос на датумот на одржување на локланите избори напомен дека политичките партии треба да донесат одлука и дека на скопјани им е сеедно дали порано од 31 октомври или подоцна ќе се оддржат.
„Работа е на политичките партии да ги договорат термините за локалните избори и како и да е се ближат локалните избори. Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 октомври затоа што знам дека ќе го изберат континуитетот во дејствувањето и во функционирањето на градот.Ние сме подготвени и има со што да излеземе пред скопјани, имаме што да понудиме како продолжение на оваа успешна скопска приказна,и на ВМРО му е јасно дека во Скопје нема што да бара на изборите “ изјави Шилегов.