„Го започнавме процесот на децентрализација, во кој што е и фискалната децентрализација. Тоа се два процеси кои што треба да одат паралелно, институциите да ја пратат фискалната децентрализација и наше мислење како Зелс и мислење на Владата е дека ние мора да направиме систем на фискално наградување на дисциплираните општини“, изјави денес градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Според него, не е коректно граѓани во определени општини да бидат задолжени, додека некоја друга општина да не ги извршува основните функции на собирање на данокот на имот и за сметка на тоа да биде оптоварен државен или општински буџет.
„Мора да ставиме фискални ограничувања и фискално поведение и на единиците на локална самоуправа,“ истакна Шилегов.
За да се зголемат приходите на општините, а граѓаните да се мотивираат да не ги чуваат куќите и становите во кои не живеат под клуч, Владата предложи да се плаќа трипати повисок данок на имот за втор стан или куќа, како и деловен простор што не се користи. Законските измени се веќе во собраниска процедура.