Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на прес конференција изјави дека не постојат механизми да се отстранат патниците кои се возат без маски во ЈСП и не се придржуваат до препораките за пандемијата со коронавирус. Тој вели дека можат да се отстранат само патниците кои се возат без билет.
Шилегов вели и дека сѐ уште се превезуваат помалку патници и тоа за 60 проценти помалку од времето пред пандемијата, додавајќи и дека онаму каде што е потребно превозот се засилува а до 75 проценти се исполнуваат автобусите
Автобусите се полни согласно препораките на Комисијата за заразни болести, до 75 проценти. Онаму каде гледаме дека има потреба да се интервенира, го засилуваме превозот. Но, апсолутно има доволно контроли, зголемени се и бројот на казните и патници кои не ги плаќаат билетите, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов