Шилегов: Нема да има кафуле на падините на Скопје

од Nikola Popovski
442 прегледи

„Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментов се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцираше градоначаланикот Шилегов.

Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти којашто нуди неповторлив 20 минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) и граѓаните ќе можат да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.

„Денес местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со инспекторатот на Општина Центар осуети уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, кажа Шилегов.

Слични содржини