Загадувањето деновиве е во рамки на нормалата , рече денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
– Денеска веќе го добив драфтот на договорот со ЕБРД за организирање на новиот јавен превоз во нашиот град и очекувам дека пред нова година тоа ќе биде завршено со цел да влеземе во негова имплементација. Од тој аспект гледано мислам дека сме на добар пат да влеземе во сериозно стратешко решавање, посочи Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали се предвидуваат интерветни мерки за загадувањето на воздухот.
Тој додаде дека интерентни мерки по однос на загадувањето цело време се преземаат и оти оваа гарнитура на градоначалници на територија на градот Скопје има преземено 27 интервентни мерки.
Ова денеска го посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали треба да се зголеми капацитетот на автобуси.
– Градот е подготвен и оспособен во зависност од бројот на патниците да влезе во спречување на создавање метежи, меѓутоа фактот е кога ќе ги погледнете бројот на валидираните карти, можете да направите лесна компарација и ќе дојдете до заклучок дека само 30 проценти од она што било капацитет во текот на истиот период лани, годинава се возат, вели Шилегов.
Додава дека целиот тој систем се придвижува онака како е потребно по однос на анализите кои ги прават.