538
Немам проблеми со државјанството на госпоѓа Данела Арсовска, туку зошто ја излажа јавноста. Немам проблем ако таа се определува како Бугарка. Таа е граѓанин како и секој и има право на тоа, но проблем е во криењето. вели актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов, за дневникот на ТВ Сител.
Тој потенцира дека бегањето од дебата е исто така проблем, односно потценување на граѓаните.
-Ова е натпревар за понуди на нашиот град. Апсолутно се што сум зборувал е во фаза на имплементација, додава Шилегов.
Тој очекува да се обедини со граѓаните во вториот круг.
-Го вративме мирот и заедништвото во градот. Развивавме инфраструктура насекаде, потенцира Шилегов.