291
Актуелниот градоначалник на Град Скопје кој има кандидатура за втор мандат, Петре Шилегов, смета дека скопјани повторно ќе му ја дадат поддршката.
„Правото на граѓаните да бидат бирани, е неприкосновено. Не е мое да проценувам дали кој и како ќе гласа. Тоа го проценуваат граѓаните. Очекувам сериозна поддршка од скопјани, поради посветеноста за градот во изминатите четири години. Не е лесно пола мандат да е во пандемија. Легитимно е да сметам дека ќе добијам поддршка“, рече Шилегов .