Покажавме храброст за големи промени, и за само четири години, започнавме проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Според него, од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето.
-Анализите покажуваат дека од година во година дишеме почист воздух, но работа има уште. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години во се реновираа сите средни училишта а во секоја училница за учениците има прочистувач за воздух. Денес, Скопје секој денар го вложува во здрава иднина за нашите деца, информира градоначалникот.