Шилегов: Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните

од desk2
81 прегледи

„Зборот е збор. Ви ветив Скопје нема да биде вмровски град. Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните, останатите општини ширум Македонија ги враќаме на граѓаните. Скопје градот убав повторно се раѓа, а Македонија тргнува со големи чекори напред“, порача кандидатот на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов.

„Најголема награда е победата во Скопје да ја дочекаме за две недели. Граѓаните на Скопје ми дадоа до знаење дека е доста од досегашното владеење во Македонија. Ова е голема победа, без разлика дали е дефинитивна победата во првиот круг или не“, додаде Шилегов.

По неговото обраќање сите беа повикани да заминат пред зградата на Владата, каде се очекува обраќање на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.