Шилегов: Полицијата да излезе на терен и да ги ослободат велосипедските патеки од паркирани автомобили

од Берта Китинска
228 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, упати официјално барање за интензивирање на сообраќајните теренски контроли од страна на  СВР Скопје за да овозможи непречено и безбедно движење на велосипедистите.

 

-Паркираните возила на новите вело патеки поставени на коловоз (на булеварите Св.Климент Охридски и Кочо Рацин и на улиците Св.Кирил и Методиј, Московска и Кемал Сејфула) и претекнувањето од возилата на велосипедските ленти во голема мера ја загрозуваат безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и претставуваат сериозна препрека во континуираниот пораст на велосипедскиот сообраќај во нашиот град.Безбедноста на велосипедистите како ранлива категорија во сообраќајот е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот и апелирам да се почитува поставената сообраќајна сигнализација на вело патеките, велат од Град Скопје.

Оттаму велат дека интензивн се  работи на реконструкција и изградба на нови вело патеки за да се обезбедат оптимални услови за користењето на велосипедот како превозно средство.

-Го намалуваме просторот за автомобили и новите вело патеки со физичко издвојување со столпчиња ги изведуваме на коловозите на градските сообраќајници, но истовремено Градот Скопје нема механизми да врши контрола за секојдневната узурпација на овие вело патеки и затоа бараме засилени сообраќајни контроли од СВР Скопје.

Нашите заложби се слободни и целосно проодни велосипедски патеки и во остварувањето на овој градски приоритет очекуваме и конкретна поддршка од другите надлежни институции, информираат од градот.

Слични содржини