По објавувањето на информацијата дека Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави дека Скопје 2014 самиот по себе е контроверзен проект.
„Тој објект е силување на нашиот град, но дефинитивно не е споменик на културата. Вие заштитувате споменици на култура и објекти од посебно архитектонско значење и им давате статус на заштитени, а овој објект дефинитивно не е такво. Со ова се отвора вратата да ја вратиме нормалноста во урбанизмот“, вели Шилегов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Од Секторот за урбанизам при Општина Центар, објаснуваат дека од Министерството за култура им бил испратен допис да се стопира Деталниот урбанистички план „Мал ринг 1“ сè додека не се донесе анекс на конзерваторските основи.