Шилегов пред Трајановски води со 28.964 гласа од 76,50% обработени гласови

од desk2
77 прегледи

Државната изборна комисија досега има обработено 76,50 проценти од гласовите за градоначалник на Скопје. Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ и Коалицијата убедливо води пред Коце Трајановски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на ДИК за Шилегов гласале 101.738 или 49,75 од гласачите, а за Трајановски гласале 72.774 или 35,39 проценти од гласачите.

Со овие досега обработени податоци разликата меѓу Шилегов и Трајановски е 28.964 гласа.