Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на се посилните напади кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ на негова адреса, за кои дел се и лажни вести, вели дека неговата цел била, е и ќе биде да се занимаваа со проблемите на Скопје и скопјани, „кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот“.
„Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните“, вели Шилегов и презентираше како ќе изгледа внатрешноста на Универзалната сала.
„Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава“, истакна Шилегов.