– СДСМ не излегува со обвиненија ако нема докази за тоа – рече градоначалникот Петре Шилегов во интервју на Канал 5 на прашање дали имаат докази за обвинувањата што пред неколку дена ги изнесоа како партија, дека бизнисменот Орце Камчев ја финансирал кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека не ги знае деталите затоа што Градот е негов интерес, но потврди дека како партија имаат некои факти врз кои го темелат своето тврдење.
ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена, ја негираше оваа информација.
ДОполнително на прашање дали смета дека СДСМ ќе победи на следните избори, тој рече дека е убеден во тоа. На контрааргументот дека и ВМРО-ДПМНЕ се убедени во победа на изборите, Шилегов со прашање: Сте чуле ли некоја партија да изјави дека ќе изгуби на избори?