Победа на Шилегов: Се раѓа ново Скопје

од desk2
70 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција во изборнит штаб во Центар им честиташе на сите граѓани на Скопје и рече дека резултатот е јасен: СДСМ го доби Скопје уште во првиот круг.

 

„Се раѓа ново Скопје“, изјави Шилегов и додаде дека новата администрација ќе биде сервис на граѓаните.

„На изборите победија граѓаните“, изјави Шилегов.

На прашање дали се слушнал телефонски со неговиот против-кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник, Коце Трајановски, Шилегов одговори дека сè уште нe. Додаде дека очекува по прес-конференцијата Трајановски да му ја честита победата и да го признае поразот на локалните избори.

Според првичните неофицијални информации на ДИК, Петре Шилегов освои 137.566 (50,29%), а Коце Трајановски 98.617 гласови (36,05%).