Шилегов се сретна со градоначалникот на Тирана Велиај

од Марта Пешевска
114 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Како што соопшти Град Скопје, средбата е во рамки на вториот ден од генералното собрание на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС) што вчера и денеска се одржува во Скопје.

– Двајцата градоначалници разговараа на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, со акцент на можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена, се вели во соопштението.

Шилегов и Велиај се осврнале и на добрата соработка што ја негуваат двата града и нагласиле дека во наредниот период ќе работат таа соработка да се продлабочи.