Шилегов: Секој има право да се надева на успех, мислам дека Георгиевски е во заблуда

од Берта Китинска
294 прегледи

Секој има право да се надева на успех  тоа право го има и господинот Георгиевски , рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов давајќи коментар за највата на лидерот на „Левица“ дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје ќе влезе во вториот круг.

– Уште на почетокот кога влеговме во кандидирање јас кажав дека се додека ставовите се одесуваат лично на мене нема да ги коментирам. Секогаш сум спремен да дебатирам за визијата на Скопје со било кој и за развојот на нашиот град.Секој има право да се надева на успех  тоа право го има и господинот Георгиевски  впрочем јас сум убеден во победата уште во првиот круг , ќе кажат и граѓаните на 17 октоври, но мислам дека тој е малку во заблуда, кажа Шилегов.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера  истакна дека програмата за Град Скопје ќе биде испечатена, но тоа нема да биде пред кампањата, додавјаќи дека според анкетите Перо Камиказа влегува во втор круг.