Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на ВМРО-ДПМНЕ, да не дозволиме да го носат и во 2022

од Nikola Popovski
418 прегледи

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод отпочнување на асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ во општина Гази Баба, градоначалникот Петре Шилегов истакна дека хаосот во урбанистичкото планирање, урбанистичките девијации и нарушувањето на јавниот простор и животната средина кои се случуваат во Скопје се резултат на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје е жртва на генералниот урбанистички план донесен од партијата на госпоѓа Арсовска во 2012 година. Ако дозволиме повторно таа структура да го донесе генералниот урбанистички план, ќе продолжиме да живееме во хаос“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека е важно пред вториот круг на локалните избори да се соочат и концептите за облагородување и хуманизација на јавниот простор, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ јасно да го изнесе својот став за целосната дислокација на тешката индустрија од градот Скопје, како што е предвидено во новиот генерален урбанистички план.

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

Слични содржини