Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ, Петре Шилегов, рече дека Скопје веќе не е најзагаден град во Европа.
„Уште повеќе, Скопје не е најзагаден град ниту во Македонија. За четири години успеавме просечната вредност н загадување да ја намалиме за една третина. Децениските депонии беа исчистени, а заменивме и исчистивме 8 000 оџаци низ градот, поделивме над 5 000 инвертер клими, изработивме 110 километри велосипедски патеки и купивме 33 еколошки автобуси. Она што знам е дека многу направивме, но и во иднина нè очекува уште поголема борба против загаденоста која мора да биде системски добро испланирана, а не само нафрлена. Во крајна фаза сме за почеток на терцијалната гасификација која ќе се одвива на цела држава, а во исто време променивме преку 100 котли на државните институции кои досега се грееја на мазут“,рече Шилегов во емисијата на „Алсат“.
Тој уште еденаш побара од скопјани продолжување на мандатот затоашто како што кажа: „направивме многу во наредните 4 години, наместо барок статуи, лажни бронзи, влеговме смело во инфраструктурна промена“.