Шилегов: Скопје во изминативе две години од мојот мандат може да се пофали со низа капитални проекти

од Vladimir Zorba
144 прегледи

На Локалните избори во октомври 2017 година граѓаните избираа градоначалници на 80 општини и Градот Скопје. Македонија во најголем дел од општините избра нови градоначалници, кои ја ситнат вторта година од мандатот.

Градскиот татко Петре Шилегов на половина од четиригодишниот мандат за 24 инфо вели дека за изминатиот период од две години може да се пофали со низа капитални проекти. Целта му е да го направи Скопје пријатно место за живеење за неговите граѓани. Засега не размислува за нова кандидатура, бидејќи вели дека сеуште следните избори му изгледаат далечни, и на шега вели дека треба за ова да го прашаме догодина во истиот период. Признава дека не работи 24/7, но успева да најде време за себе, семејството и за пријателите. Вели дека Скопје заслужува и Скопје може да биде поубав град за живеење.

-На средината на мандатот многу повеќе сакам да размислувам за реализацијата на започнатите проекти и за обезбедување на потребните човечки и финансиски ресурси кои би биле доволни за завршување на проектите во предвидените рокови со цел граѓаните да имаат на располагање една ефикасна и функционална локална власт која во целост ќе ги задоволи потребите кои ги наметнува современиот начин на живеење. На крај би подвлекол дека на крајот на овој мандат граѓаните ќе можат со гордост да кажат дека Скопје е модерен град, со функционални и одржливи сообраќајни решенија и во голема мера решен проблемот со паркирањето со воспоставен ред во урбанизацијата на градот, со повеќе јавни простори, нови паркови, ослободени велосипедски и пешачки зони, развиена велоспедска мрежа, подобри услови за одвивање на наставата во средното образование, поголема поддршка за младите таленти и подигнато нивото на квалитетот во културните и спортските настани поддржани од Град Скопје. Скопје заслужува и Скопје може да биде поубав град. Со заеднички сили верувам дека ќе ја постигнеме целта Скопје да биде град во кој многу поубаво и многу поудобно ќе се живее. – вели Шилегв во интервјуто.

Слични содржини