162
„Во секоја криза, се бараме едни со други. За да си помогнеме. Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес“, пишува на Фејсбук градоначалникотна Скопје, Петре Шилегов.
„За се’ друго лажат. Затоа се неспретни. Во лажната “љубов”, во “душегрижништво” … Со десна се крстат, а со лева крадат. Затоа се „изгубени“ секогаш кога треба да покажат хуманост … Хуманоста секогаш победува. Затоа што љубовта секогаш победува. А љубовта е давање и земање. Не само земање. Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци“, пишува меѓу другото Шилегов.