Шилегов: Со линијата од Ѓорче до Ново Лисиче на брзиот автобуски превоз ќе се стига за 30 минути

од Nikola Popovski
362 прегледи

Денес во гаражите на ЈСП Скопје во Ѓорче Петров, беше потпишан договорот за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје.

Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување на приоритетни автобуски коридори кои ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, ќе го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво. Патниците ќе имаат корист од брз и чест јавен превозот, кој ќе можат да го следат преку информациите ажурирани во реално време. На тој начин градот Скопје ќе демонстрира како се користат паметните концепти за подобрување на услугите.

Истовремено, новиот систем ќе придонесе и до значително намалување на оние емисиите на загадувачи во воздухот, за кои што транспортот е главниот во Скопје, град кој брои 550.000 жители. Согласно плановите, новиот систем на БРТ предвидува намалување на емисијата на јаглероден моноксид од над 95 отсто, на ПМ честичките за приближно 90 отсто и нитроген оксид и јаглероден диоксид за најмалку една четвртина.

„Првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде долга 12,80 км во двата правци и дневно ќе превезува по 65.000 лица. Времетрањето за патување од едната до другата точка, ако досега беше 70 минути, со новиот транспорт ќе биде двојно помалку. Новиот Бас Рапид Транзит превоз ќе биде на хибриден погон и ова е проект на зелените градови, во кои дел е и градот Скопје“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

На потпишувањето на проектот, Фатмир Бесими, Министер за финансии на Северна Македонија изјави дека кога‌ ‌иницијативите‌ ‌за‌ ‌создавање‌ ‌„зелена”,‌ ‌поинклузивна‌ ‌и‌ ‌одржлива‌ ‌економија‌ ‌ќе‌ ‌се‌ ‌совпаднат‌ ‌со‌ ‌напорите‌ ‌за‌ ‌економско‌ ‌заздравување‌ ‌од‌ ‌Ковид‌-19 ‌кризата,‌ ‌придобивките‌ ‌за‌ ‌македонската‌ ‌економија‌ ‌се‌ ‌повеќекратни.‌ ‌

„Европската банка додели заев од 70 милиони евра, 48 за линијата број 1 и 22 за линијата број 2, од Пинтија до Бутел“, додаде Бесими.

Слични содржини