Шилегов: Со новата противпожарна скала ќе ги спасуваме и граѓаните кои живеат до 11 кат

од Берта Китинска
321 прегледи

Скопската Пожарна со новата 42-метарска скала која беше презентирана попладнево со показна вежба на улицата 11 Октомври ќе може да интервенира при пожар и до 11 кат.

-Старата скала беше до 5 кат и истата е буквално само скала на е како новата во вид на кран. Ако се сеќавате пред година ипол во Кисела Вода имавме пожар на седми кат.Бидејќи немавме ваква скала станарите од седми седа затворени повеќе од шет ипол  часа бидејќи пожарот беше на 5 кат и не можевме одвнатре да ги евакуираме“, кажа денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на презентацијата на противпожарна скала.

Градот Скопје со противпожарна вежба  ја промовира новата противпожарна скала. Таа е долга 42 метри, а со неа може да се спасуваат луѓе и над 10 кат.

Слични содржини