Шилегов: Со новиот ГУП ќе можеме да го вратиме градот онаму каде што треба

од Берта Китинска
303 прегледи

Хаосот во урбанистичкото планирање што се случува во Скопје е резултат на некадарното носење на генералниот урбанистички план во 2012 година.Ние сме сега во фаза на носење на новиот генерален урбанистички план и тоа е вистинска можност да го вратиме градот онаму каде што треба, вели актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат од СДСМ, Петре Шилегов, во вечерашната дебата на „360 степени“.

-Враќаме одредени вредности кои беа предвидени во генералниот урбанистички план од 2002 година и ќе спречи вакви појави. Многу битно е што предвидуваме тешката индустрија да замине од градот Скопје. Она што јас инсистирам како градоначалник е и во иднина, во 2022 година, јужната обиколница онаа што го сече Водно, бидејќи имаме политички структури кои сакаа да пробиваат патишта низ Водно, тоа да го снема со цел да спречиме да дојде до евентуална реализација на тоа“,рече Шилегов.

Слични содржини