Шилегов: Тоа што сега е изградено кај Стара железничка не е Лимак, мора прво да се изгради тунелот

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашање поставено од гледач како комплексот кај Старата желеничка веќе е во финална фаза, а се уште не е изградена подземната сообраќајница позади Рамстор, одговори дека тоа што сега е изградено не е дел од комплексот Дајмонд на Лимак.

-За да може да се изгради комплексот на Лимак, Дајмонд, мора да биде изграден тунелот кој се копа и се работи. Она што го гледаат граѓаните на Стара Железничка е хотел кој не е предмет на договорот што градот Скопје го има склучено со компанијата Лимак туку е тоа посебен приватен аранжман од Камчев, го имаат хотелот и го доградуваат. За да може да се изгради комплексот на Лимак, мора да се изгради тунелот. Тунелот до крајот на 2023 треба да биде завршен. Според договорот, треба да се изгради тунелот, па врз него да се изгради комплексот, вели Шилегов.

Слични содржини