Шилегов: Трамвајот на тркала е насушна потреба на скопјани веќе со децении

од Nikola Popovski
531 прегледи

„Скопје е една приказна која едноставно ти влегува под кожа и не може да излезе. И тоа не е само приказна за старо Скопје, кое не сакаме да го заборавиме, туку и за едно ново, модерно Скопје, во кое сакаме да живееме“, пишува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, како градоначалник, неговата работа има смисла кога им одговара на потребите на граѓаните.

„Висококвалитетен јавен превоз е насушна потреба на Скопјани веќе со децении. На таа потреба Град Скопје одговара со воведување систем за брз автобуски превоз (БРТ). Со БРТ Скопје станува позелено, подинамично, попаметно“, вели Шилегов во својата колумна за „Слободен печат“.

Со потпишувањето на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии во Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој и официјално почнува постапката за изведба на БРТ системот за брз автобуски превоз во Скопје.

„Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно со условите кои ги овозможува денешно Скопје. Горди сме што Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот, туку е успех и за целата наша држава. Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен и ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа индиректно ќе се намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Подигнувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт несомнено ќе значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје“, изјави градоначалникот Шилегов пред неколку дена од депото на ЈСП Скопје во Ѓорче Петров.

Слични содржини