Шилегов: Уставен да не го чепка законот за градоначалници, а ОЈО да внимава да не стане соучесник со насилниците(ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Јавното обвинителство мора целосно да го рашчисти насилството во Собранието. Сo упадот во Собранието извршени беа тешки кривични дела. Се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари, и вработени во Собранието.

Мора да има брзо и ефикасно решавање на сторените тешки кривични дела. Тоа се очекувањата на целата македонска, меѓутоа и меѓународна јавност.

Секое несоодветно постапување од страна на Јавното обвинителството и надлежните обвинители, го прави овој државен орган, и нив поединечно, соучесници и помагачи на извршеното насилство кон највисокиот законодавен дом на Република Македонија, нагласи Шилегов.

Ваквото непостапување на Јавното обвинителство, дополнително ги охрабрува протестантите, па вчера резултираше со дополнителни закани и насилничка реторика на учесниците на протестите.

Млаката реакција, на надлежното обвинителство ги мотивира и учесниците и организаторите на протестите да повикуваат и практикуваат насилство.

Пример за ова се и заканите по животот упатени кон високи функционери на СДСМ кои се случија за време на вчерашниот протест.

Го повикуваме Обвинителството да работи сериозно, да ги утврди сите кривични дела кои што претставуваат рушење на законодавниот дом и  правилно, правно да ги квалификува истрагите и обвиненијата, да бидат опфатени сите лица коишто го нарачале, помогнале и извршиле нападот врз Собранието, пратениците, полицијата, вработените и новинарите во Собранието.- додаде тој.

Апелот од градоначалниците, од ЗЕЛС и од правната јавност е Уставниот суд да не се меша во креирање на правото. Не е негово да креира право, ниту да создава закони, туку да ги толкува. Прифаќањето на евентуалната таква иницијатива, ќе значи измени на закон од страна на Уставен што не е во негова надлежност. Собранието е тоа што може да го измени законот, изјави денеска на прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.