Шилегов: ВМРО може да глуми слепило, градот се менува

од Берта Китинска
164 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во своето гостување на Сител, се осврнав и на критиките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дека „градоначалникот треба да гради нови улици, нови булевари“.

-Јас ќе ве потсетам, „Булевар АСНОМ“ е завршен, „Пластичарска“ или „Никола Карев“ е завршен, „Босна и Херцеговина“ е завршен, „Христијан Тодоровски Карпош“ е завршен, зборувам за булевари, не за улици. Ама еве и една улица ќе спомнам, се пробива Есенинова што претставува многу важен конектор меѓу Аеродром и Кисела Вода. Нема да ги набројувам и ослободените тротоари и новите слободни јавни простори што пред моето доаѓање како градоначалник беа диви паркиралишта за возила, тотално непроодни за пешаци и велосипедисти.Мостот на „АСНОМ“ ќе биде готов до јуни месец, значи ВМРО може да глуми слепило, градот се менува, градот добива на нов квалитет, градот се движи се подобро и подобро, и во инфраструктурна и во урбанистичка смисла на зборот, изјави Шилегов.

Слични содржини