Поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов се огласи со реакција по повод вчерашниот инцидент во Собранието за време на седницата на Комисијата за европски прашања.
-Време е Антонио Милошоски да го напушти Собранието. Два пути му падна косата до сеа …П.С. Статусот е политички, не физички …, напиша Шилегов.
Вчерашниот ден го одбелажа инцидентот во Собранието кога претседателот на Комисијата за европски прашања почна да фрла со предмети кон пратениците од опозицијата. Настана и турканица на расправата за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат треба да им се продолжи работниот век до избор на нови.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противеа на законските измени, го заобиколија пултот на поранешниот министер за образование Арбар Адеми од ДУИ, а тој прво го удри Антонио Милошоски по раката и почна да фрла со филџан, шише и скрши дел од опремата.