Актуелно
Почетна / Локално / Шилегов за „аудио бомбата“: Од ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе

Шилегов за „аудио бомбата“: Од ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов реагираше во врска со “големата сензација” – “аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје:

1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.

2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење.

3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.

Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

loading...