Шилегов за ФК Вардар: Повеќе за катарската инвестиција ќе се знае во март

од Nikola Popovski
262 прегледи

„Долгот на Вардар е некаде околу 3,5 милиони евра, даден е со играчки фонд од 6 милиони евра, а денес играчите вредат 800.000 евра. Јас не можам да дозволам градот да го преземе клубот со таков долг“, изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов за ситуацијата околу клубот, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Според него, имало ветување од Самсоненко дека ќе ги подмири долговите и плати играчите до 31-ви јануари, но тоа не се случи.

„Го доведовме клубот да аплицира со ваучерите што се некаде околу 340.000 евра, со цел сезоната да ја завршиме. Околу катарската инвестиција очекуваме во текот на март да биде решено. Посветени сме за решавање на проблемите на клубот. За жал, Вардар се злоупотребува во политичка смисла од другата страна“, вели Шилегов.

Слични содржини