Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција одговори на неколкунеделните обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот имот.Тој повторно кажа дека со лагите опозцијата води црна кампања против него.
-Мојата семејна куќа во Тафталиџе е изградена од страна на мојот покоен татко 1995 година и јас сум нејзин сопственик од 2006 година. Како што може да се види во овој договор, станува збор за куќа од приземје, прв и втор кат и покрив. Лага број еден на ВМРО – ДПМНЕ. Видно, во имотниот лист, јас сум сопственик на куќа која што се состои од приземје, прв кат, втор кат и покрив, што е фактичка ситуација и состојба и денеска. Ништо не е додадено повеќе од тоа што стои во имотниот лист. Лага број два – Шилегов прави реконструкција без одобрение. Ова е одобрението издадено од надлежниот орган Општина Карпош во декември минатата година кога е започната реконструкцијата. Лага број три – Шилегов не е сопственик на градежното земјиште. Ова е решението за приватизација на градежното земјиште, рече денеска градоначалникот Шилегов.
Актуелниот градоначалник спомена дека откако е соопштен кандидатот за градоначалник на Град Скопје од стрна на опозицијата нема слушанот ниту еден проект.
– Поминаа две недели откако Мицкоски и Коце Трајановски застанаа зад независен кандидат за градоначалник. Не успеав ништо да слушнам поврзано со Скопје.За политиките што планираат да ги креираат за Скопје, политиките што треба да донесат поквалитетен живот во нашиот град. Знам дека тоа не им е едноставно, рече Шилегов.