323
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вечерва информираше дека за само пет месеци се на пола пат од враќање на инвестицијата во Дино паркот.
-Дино паркот често беше предмет на потсмев дека сега ќе правиме пластични диносауруси или не знам што. За 5 месеци работа таа инвестиција, градот го чинеше околу 310 000 евра. Влезот е 50 денари. За 5 месеци над 160 000 луѓе го посетија, што значи дека сме на пола од враќање на инвестицијата. Тоа е добра стратегија, вели Шилегов во гостувањето на емисијата „Топ тема“.