237
Јапонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во кругот на семејството во будистички храм во Токио.
Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе.
Ожалостените, многумина со букети и облечени во црно, мавтаа и извикуваа „Абе-Сан“ додека поминуваше погребната поворка.
Знамињата во Токио се на половина копје.
На погребот во храмот присуствуваа вдовицата на убиениот поранешен премиер Аки Абе, членови на блиското семејство, премиерот Фумио Кишида и високи претставници на Либерално-демократската партија на Абе.
67-годишниот Абе им подлегна на прострелните рани во петокот додека зборуваше на предизборен митинг во Нара, западна Јапонија.