„Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која жените земјоделки ќе можат да користат платено отсуство за мајчинство“, соопшти денеска на прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.
„Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.
Оваа програма е креирана по иницијатива и со директна соработка со жените кои вршат земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не добивале платено породилно отсуство.
Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари“, вели таа.